Право на замена на производ
ПРАВО НА
ПОВЛЕКУВАЊЕ И ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОД
Производите
можат да се вратат или заменат за друг производ во законскиот рок од 14 дена по
приемот на пратката, под услов производот да бидe вратен неупотребуван, со
сочуван изглед и употребни својства, неоштетен, неперен и спакуван во неговото
оригинално пакување со сочувани фабрички означувања и етикета.
Клиентот може или не мора да ги наведе причините за размената.
Во случај на
замена на производот за друга големина, продавачот е должен да изврши замена
доколку тој производ е на залиха. Доколку купениот производ за кој се бара
замена не е на залиха, продавачот е должен да го замени производот со друг
производ по барање на купувачот со можна доплата или враќање на разликата во
цената.Во случај да нема можност за замена продавачот е должен да му ги врати
парите на купувачот,а трошоците за враќање се на товар на купувачот.
За валидни
поплаки, продавачот www.saatandsaat.mk ги сноси сите транспортни трошоци.
Гаранцијата не важи во случај на оштетување предизвикано како
резултат на неправилна употреба.
Правото на повлекување од договор може да го остварите со која било недвосмислена
изјава за вашата одлука. Со цел да се процесира вашето известување за
повлекување од договор односно враќање на производ, ве молиме испратете ни го
на е-маил на info@saatsaat.shop или
обратете ни се телефонски на 078 503 277. Со поднесување на известување за
повлекување од договор се согласувате од наша страна да бидат обработувани
Вашите лични податоци, вклучувајќи доколку е потребно и број на трансакциска
сметка, кои се неопходни за цели на постапување по Вашето известување за
повлекување од договор, враќање на производ и рефундација на средства. Повеќе
информации прочитајте во делот Политика за приватност.
Откако производот ќе се врати во продавница, ќе се утврди дали производот е
вратен во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека производот не е
вратен во соодветната состојба, ќе биде одбиено барањето за поврат и производот
ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.
Враќањето на производите или откажување на нарачката може да се направи
исклучиво онлајн со предходна комуникација и договор со онлајн
операторите преку еден од контакт телефоните или на е-маилот кој е наведен
погоре.
Не е можно физичка замена или враќање на производите во малопродажните
објекти.
РОК ЗА ПОВРАТ НА ПРОИЗВОД
Процедурата за
поврат на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 14 дена од
прием на производот.
ТРОШОЦИ ЗА
ДОСТАВА
Во случај на
повлекување/замена на производот трошокот за враќање/достава на нов производ е
150 денари со вклучен ДДВ, без оглед на вредноста на производот кој се
враќа/заменува.
Исклучок е доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ.
НАПОМЕНА:
Со потврда на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ НАРАЧКА, се согласувате со условите за
повлекување од договор и враќање на производи.